Breaking News

Зеленски објави дека со папата разговарал за украинската мировна формула


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека разговарал за формулата за мир на Украина во разговор со папата Франциск.


„Разговаравме за нашата заедничка работа за спроведување на мировната формула на Украина во акција“, објави Зеленски на „Х“ .


„Над 80 земји веќе учествуваат во овој процес на ниво на нивни претставници. А, ќе има повеќе“, додаде тој.

Зеленски рече дека му се заблагодарил на папата за Божиќните честитки, „како и за неговите желби за праведен мир за сите нас“.


Украинскиот претседател наведе дека следната дискусија за мировната формула на Украина ќе биде во Давос, Швајцарија, но не прецизираше конкретен датум. зш/ .

Извор: МИА