Breaking News

Зеленски му се заблагодари на Бајден во телефонски разговор за неговата поддршка


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека во телефонски разговор изразил благодарност до американскиот претседател Џо Бајден за неговата поддршка и лидерство.


Зеленски напиша на Телеграм дека во разговорот ја истакнал улогата на претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон и лидерот на малцинствата во Претставничкиот дом Хаким Џефрис за усвојувањето на предлог-законот за воена помош за Украина.


Тој, исто така, му раскажал на Бајден за „рускиот воздушен терор преку илјадници проектили, беспилотни летала и бомби“ и го издвоил ударот врз телевизиската кула во вториот по големина град во Украина, Харков, кој се случи неколку минути пред нивниот разговор.

Бајден му рекол на Зеленски дека САД ќе обезбедат „значајна“ нова безбедносна помош за да се задоволат потребите на Украина штом Сенатот го усвои нацрт-законот за помош и тој ќе го потпише, соопшти Белата куќа.


паг/Фото: ЕПА   .

Извор: МИА