Breaking News

Зеленски и Сунак потпишаа Договор за безбедносна соработка меѓу Велика Британија и Украина


– Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, и британскиот премиер, Риши Сунак, денеска во Киев потпишаа билатерален договор за безбедносна соработка, јавуваат украинските медиуми.


 Документот насловен „Договор за безбедносна соработка меѓу Украина и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска“ беше потпишан од лидерите на двете земји по преговорите во Киев, пишува „Украинска Правда“.


 -Да имаше такви гаранции во 1991 година, особено со Велика Британија, војната немаше ни да почне, рече Зеленски.

 Премиерот Сунак додаде дека ова е „прва од многуте безбедносни гаранции“ што се потпишани, нагласувајќи дека Велика Британија е прва земја што на Украина и обезбедила офанзивно оружје, тенкови и ракети со долг дострел.


 Сунак и Зеленски додадоа дека договорот е со важност од 10 години, со можност за продолжување на рокот.

Меѓутоа, ако Украина влезе во НАТО пред крајниот рок, безбедносните обврски ќе престанат да важат и ќе бидат вградени во системот на Алијансата. сд/фото:ЕПА  .


Извор: МИА