Breaking News

Здружението на инженери до МЖСПП достави барање за пристап до информации од јавен карактер за Чебрен


Здружението на инженери на Република Македонија до Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) достави барање за пристап до информации од јавен карактер во однос на документацијата за проектот Чебрен.


 Во соопштение  Здружението денеска го сподели барањето со кое бара пристап до обраложениот предлог доставен до Владата согалсно кој е донесена одлука за започнување постапка за доделување на концесија, Водостопанската основа согалсно која требало да биде изработен предлогот од точка еден од, Планот за управување со речниот слив на река Црна со кој требало да биде изработен предлогот, актите со кои позитивно се изјасниле министерствата за економија, за транспорт, за одбрана, за внатрешни работи, за култура.


. .

  Бара и информации за нацрт договорот, критериумите за доделување на договорите, записник од евалуација на понудите, извештај за евалуација на понудите, образложение на причините за изборот на најповолниот понудувач.


. . .  Целосното барање е достапно на file:///C:/Users/lidija.

velkovska/Downloads/%D0%B8%D0%BD%D1%84%D0%BE%20%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%B5%D1%80%20%D0%9C%D0%96%D0%A1%D0%9F%D0%9F.


pdfЗдружението на инженери пред една недела поднесе претставка до надлежните институции за одлуката за концесија за хидроцентралата Чебрен.

Смета дека проектот за изградба на хидроцентралата по пат на јавно – приватно партнерство е штетен и со него се нарушува електроенергетската независност на земјава и се дава на управување воден ресурс кој е веројатно најзначаен во овој век.


 Рокот за потпишување на договорот со најповолниот понудувач на тендерот, грчки „Архидрон“, истече на 15 декември, но по жалбата што ја доставија е пролонгиран до крајот на масецов.

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова по состанокот со компанијата во просториите на Министерството на 15 декември, најави дека до крајот на годинава ќе има конкретни информации дали ќе продолжи постапката за изградба на Чебрен или не.

Најави дека избраната компанија со одлуката за избор од 14 септември годинава ќе биде информирана дека треба да пристапи кон исполнување на обврските од веќе донесената одлука.

 -Од грчката компанија Архиродон се жалеа на содржината на одлуката, бидејќи согласно Законот за води, прво мора да добиете дозвола за води, а потоа да се потпише договор за концесија.

 Тие сметаат дека треба прво да се потпише договор за концесија, а потоа постапката да продолжи понатаму.

Меѓутоа, во случајов Законот за води е „легс специјалис“ во однос на Законот за јавни набавки и Законот за концесии.

Ние ќе се држиме на она што го регулираат нашите закони и ќе биде информирана компанијата.

Нивната банкарска гаранција е до крајот на годината и ако ја продолжат ќе значи дека ќе продолжи процесот, ако не се продолжи банкарската гаранција, автоматски ќе се прекине процесот, информираше Шукова.

лв/аа/Фото: МИА архива .

Извор: МИА