Breaking News

Здравствен дом Велес заврши со реконструкција на своите простории во Центарот за јавно здравје


Стоматолошката ординација, лабораторијата, тоалетите, како и неколку амбуланти коишто се издадени на концесионери во сопственост на велешката ЈЗУ Здравствен дом, а сместени во Центар за јавно здравје, се целосно реновирани.


– За реконструкција на простор од 200 метри квадратни ЈЗУ Здравствен дом од сопствени средства извои околу 2,5 милиони денари, а  со што на концесионерите и пациентите ќе им се овозможат подобри услови.


Направена  е и термо изолацијата на првиот кат од овој објект, со што просториите добиваат поголема енергетска ефикасност, информира за МИА Нино Николов, директор на оваа јавна здравствена установа.

Тој најави дека во оваа 2024 година ќе се заложи за надворешна реконструкција и фасада со термо изолација на зградата на ЈЗУ Здравствен дом во Велес, за што веќе имале изготвено проект.


Николов појасни дека се изведени  градежни работи во кои е заменета старата дограма со нова, нови врати,поставени се нови подни плочки во ходниците и амбулантите на Здравствениот дом, како и реконструкција на тоалетите за пациентите во нивните простории на приземјето во зградата на ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес.

-Сметаме дека по изминатите повеќе децении им овозможуваме на граѓаните како пациенти да ги користат услугите на здравствениот дом во целосно обновени простории поради кои и квалитетот на здравствените услуги ќе биде на повисоко ниво.


Секако тука е и енергетската ефикасност, а поради замената на дограмата, појасни Николов. ад/мд/                        Фото: МИА   Virus-free. www. avast. com .

Извор: МИА