Завршна конференција на Твининг проектот „Подобрување на заштитата на вработените во случај на несолвентност на нивниот работодавач“


Во Клубот на пратениците денеска ќе се одржи завршна конференција по повод реализацијата на Твининг проектот „Подобрување на заштитата на вработените во случај на несолвентност на нивниот работодавач“.


Проектот е имплементиран во партнерство меѓу Министерството за труд, социјални работи и семејство на Словачка, Агенцијата за регионален развој од Братислава и Министерството за труд и социјална политика како клучен корисник.


Како што информираат од МТСП, на настанот воведни говори ќе одржат Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика, Александру Албу, претставник на Делегацијата на ЕУ во Скопје и Хенрик Маркуш, амбасадор на Словачка во земјава.

Од Министерството посочуваат дека резултатите од Твининг проектот ќе бидат презентирани од страна на Твининг партнерите. фф/сп/


Фото: МИА Архива

Скопје, 27 април 2023 (МИА)