Breaking News

Завршна конференција на „Еразмус+“ проектот „Лидери на зелената економија“


Завршна конференција на „Еразмус+“ проектот „Лидери на зелената економија“ ќе се одржи денеска во Скопје.


– Таа има за цел да ги прослави достигнувањата на заедничкиот проект и да се истакне влијанието што програмата го имаше врз поединците и заедниците, посветени на поттикнување на позитивни промени во областа на циркуларна економија, се наведува во соопштението на организаторите.


„Лидери на зелената економија” е проект поддржан од страна на „Еразмус+“ програмата, чија цел е креирање на моменталната анализа во однос на практиките за настава и учење за циркуларната економија на универзитетско ниво.

 Носител на проектот е Универзитетот „Американ колеџ Скопје“ во соработка со партнерите Бизнис школата „ДОБА“, Словенија, Универзитетот во Риека, Хрватска и Универзитетот „Ангел Канчев“ во Русе, Бугарија.


– Целта на овој проект беше да се создаде универзитетска средина што ќе стимулира развој на концепти за циркуларна економија за студентите од бизнисот преку стимулирање на врските меѓу академијата и индустријата и подобрување на дигитализацијата во високообразовниот сектор.

Преку проектните активности, на студентите им се овозможи да развијат знаења и вештини и од областа на циркуларната економија.


Со тоа, тие ќе бидат подобро подготвени за нивните идни работни места, помагајќи им на компаниите да ги имплементираат принципите на циркуларната економија, што позитивно ќе влијае на идниот економски раст на земјите, како и на трансформацијата кон зелената економија, се додава во соопштението.

Во рамки на проектот биле преземени најразлични активности, вклучувајќи работилници со професори за развој на дигитални материјали, кампови во Риека и Скопје, виртуелни – хибридни размени за студенти и дисеминација на наставни програми.


– Во областа на наставни програми издаден е „White paper“, односно мапирање на ситуацијата и препораки за подобрување на наставата и учењето за циркуларната економија.

Развиени се дигитални наставни материјали во форма на студии на случај како основен исход за идна употреба во универзитетското образование за понатамошен развој, пишува во соопштението.

бд/ев/Фото: „Лидери на зелената економија“ .

Извор: МИА