Breaking News

Завршија Работничките спортски игри во Берово


Екипата на Армијата на Република Северна Македонија е победник на турнирот во футсал во рамки на Работничките спортски игри 2024 година кои се одржаа во Берово.


Пред преполна сала публика, екипата на АРСМ во натпревар без голови на пенали ја совлада екипата на ДИК Фагус која го освои второто место.


 Работничките спортски игри ги организираше Општина Берово, а по завршувањето наградите на трите најдобри екипи им ги додели градоначалникот Звонко Пекевски.

-По завршувањето на натпреварите, за најдобрите екипи, ја имав честа, да доделам пригодни награди, а беа прогласени и најдобар играч, стрелец, ветеран, најдобар голман на игрите и најфер екипа.


Благодарност до сите учесници на Работничките спортски игри 2024 година, а посебна благодарност до сите, кои се вклучија во организацијата, рече Пекевски На игрите награда за најдобар играч доби Ахмет Халитов, за најдобар стрелец беше прогласен Ерол Пилов, додека најдобар голаман на турнирот беше Виктор Цоцовски.

-Исто така имавме и награда за ветеран на игрите, награда која ја доби Фахрудин Мустафов-Динац, додека за најфер екипа беше прогласена екипата на ДИК Фагус.


Благодарност до Жито Малеш АД Берово и ресторан Берлина Берово, кои по завршувањето на финалето, беа покровители на  заедничка дружба за учесниците  и пригоден коктел, додадоа организаторите.

Работничките спортски игри, како што додадоа, имаат за цел да го подигнат спортскиот дух во Берово, да се унапредува соработката на институциите на локално ниво. вс/мд/Фото: МИА  .


Извор: МИА