Breaking News

Завршен настан за проектот за поддршка на социјалните претпријатија


Завршен настан за проектот „Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот- Не оставај никој зад себе” организира денеска здружението на граѓани Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој (ЦеПроСАРД).


Проектот, финансиран од ЕУ и спроведуван од ЦеПроСАРД, се реализираше 22 месеца.


Настанот има за цел да овозможи приказ на значењето на поддршката за формирање и зајакнување на социјалните претпријатија и поддршка на вработувањата на лицата од ранливи категории, преглед на постигнатите резултати, тековната состојба на правната регулатива во поглед на социјланите претпријатија во Република Северна Македонија, како и препораки за предизвиците што следуваат.

мч/аа/фото: ЦЕПРОСАРД  .


Извор: МИА