Breaking News

Заводот за статистика ќе ги презентира проекциите за населението до 2070 година


Државниот завод за статистика денеска ќе ги презентира проекциите за населението до 2070 година.


На настанот, што ќе се одржи во Собранието на Република Северна Македонија, најавено е обраќање на претседателот Стево Пендаровски, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и директорот на ДЗС, Апостол Симовски.


Промотори ќе бидат д-р Горан Пенев, меѓународен експерт и Јане Крстевски, експерт од Државниот завод за статистика. дма/бак/Фото: МИА архива .

Извор: МИА