Breaking News

Затворен за сообраќај патот Велес – Градско од 10:00 до 16:00 часот поради поставување заштитна мрежа


Поради поставување на заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делницата Велес – Градско, денеска ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 10:00 до 16:00 часот, информираа од АМСМ. Од утре до 18.


01. 2024 година затворено за сообраќај ќе биде во периодот од 08:00 до 16:00 часот. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.


Слаб снег провејува на Попова Шапка и Стража, но во моментов не претставува пречка за одвивање на сообраќајот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.


АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Од 15. 11.


2023 година, потсетуваат од АМСМ, започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15. 03.

2024 година. цр/ац/Фото: МИА архива .


Извор: МИА