Breaking News

Заштита на новинарите: Средба на ЗНМ за безбедност и слобода на медиумите


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска организира работна средба на тема „За поголема безбедност и заштита на новинарите и медиумските работници и спротивставување на заканите за слободата на медиумите “.


 На средбата најавено е учество на претставници на Здружението на новинари на Македонија, Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство.


 Целта на средбата, како што велат од ЗНМ, е да се укаже на новите одредби од Кривичниот закон кои се во насока на подобрување на заштита на новинарите, на предметите за кои до сега е постапувано и за кои има правосилни пресуди но и препораки за поголема безбедност и заштита на новинарите и спротивставување на заканите за слобода на медиумите како што се неоснованите тужби и незаконскиот надзор на медиумските работници, посебно во време на изборна кампања.

дма/са/Фото: МИА архива .


Извор: МИА