Breaking News

Заменикот-министер Јајага заедно со припадниците на Армијата во мисијата КФОР ја дочека 2024 година


Заменикот – министер за одбрана, Тирон Јајага, новата 2024 година ја дочека заедно со припадниците на контингентот од Армијата на Република Северна Македонија во рамки на мисијата на НАТО на Косово, КФОР.


Јајага на заедничкиот дочек на новата година, на мировниците им порача дека му претставува чест што е со нив и им се заблагодари за нивното учество во мисијата кое им оневозможи празничните денови да ги поминат со своите најблиски.


-Празниците се едни од најсветлите денови кои треба да ги минеме во кругот на нашите семејства.

Фактот дека сите вие сте тука, далеку од вашите најблиски и дека тоа го правите достоинствено и посветено ја покажува вашата професионалност и вашата одданост на службата.


Тоа го цениме и почитуваме, рече заменикот министер.

Јајага на мировниците им ги пренесе честитките од министерката Петровска и им порача да останат доследни на своите задачи, да продолжат да ја претставуваат Северна Македонија во најдобро светло и да бидат горди што секојдневно ставаат личен печат на безбедноста на регионот.


Шеесет и пет припадници на Армијата на Република Северна Македонија се дел од Регионалната команда на мисијата КФОР – Запад во Пеќ. мч/дма/фото: МО  .

Извор: МИА