Breaking News

Законодавно правната комисија даде поддршка на Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик


Собраниската Законодавно правната комисија денеска го разгледа Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик, при што констатираше дека предложениот Закон е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.


Предлог законот на 8 јуни доби поддршка од матичната Комисија за култура.


 Предлагач на законот е Министерството за култура, а целта е подигање на јазичната култура, негување и заштита на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо, афирмирање на потребата од зголемена општествена и индивидуална грижа за правилна употреба во јавната и во службената комуникација, почитување и унапредување на јазичниот стандард и организирање активности во таа насока.

Исто така, членовите на Законодавно правната комисија денеска ја разгледаа и втората точка на дневниот ред, односно Барањето за давање на автентично толкување на член член 15 ставови 1 и 2 и став 4 алинеи 1, 3 и 5, член 19 став 2, член 38 став 4, член 41 ставови 1 и 2, член 46 ставови 3, 4, 5 и 6, член 66 став 1 алинеја 1, член 67 став 1 алинеја 1, член 68 став 1 алинеја 1, член 69 став 1 алинеја 1, член 70 став 1 алинеја 2, член 71 став 1 алинеја 2, член 72 став 1 алинеја 1, член 73 став 1 алинеја 1, член 79 став 2 алинеи 1 и 5, член 80 став 3, член 83 став 1 алинеја 1, член 88 став 1 алинеја 1, член 90 став 1 алинеи 1 и 2, член 91 став 4 алинеја 2, член 94 став 2 и член 134 став 1 од Законот за градежно земјиште, поднесено од градоначалникот на Општина Битола, при што оценија дека истото е оправдано.


бт/нд/ФОТО/МИА .

Извор: МИА