Breaking News

За 34,4 отсто помалку издадени одобренија за градба во јануари


Во јануари годинава издадени се 256 одобренија за градење, што е за 34. 4 % помалку во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.


Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 503 536 илјади денари,што е за 41. 6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.


Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 166 (64. 8 %) се наменети за објекти од високоградба, 48(18. 8 %) за објекти од нискоградба и 42 (16. 4 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 256 објекти, на 164 (64. 1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 92 (35. 9 %) објекти инвеститорисе деловни субјекти.


Во извештајниот период е предвидена изградба на 615 станови, со вкупна корисна површина од 56 031 м2. са/Фото: МИА архива .

Извор: МИА