Breaking News

За 24 години временските непогоди во Грција одзеле 285 човечки животи


– Во Грција од 2000 година до денес се регистрирани 580 временски појави со негативни општествено-економски последици и 285 загубени човечки животи, главно од поплави, молњи итн.


, пишува порталот „Метео“ на Националната опсерваторија во Атина во анализата за временските феномени во земјата во изминатите 24 години, јави дописничката на МИА од Атина.


„Метео“ објавува ажурирана историја на временските појави што ја зафатија Грција во периодот од 2000 година, а извор е нивната базата на податоци.

-Од регистрираните 580 временски појави, 35 отсто предизвикаа сериозни општествено-економски последици од трета категорија (на скала од еден до три).


Во третата категорија се вклучени појави кои или сериозно зафатија голем дел од земјата или предизвикаа загуба на животи, пишува „Метео“.

Порталот прави споредба на податоците поделени во два временски период од по 12 години, односно од 2000 до 2011 година и од 2012 до денес, а во вториот период, временските појави се значително поизразени.


Од 2000 до 2011 година биле загубени 103 човечки животи, во просек по девет годишно, а во вториот период речиси двојно повеќе, односно околу 15 годишно, со вкупно182 смртни случаи. ср/ .

Извор: МИА