Breaking News

За 2,8 отсто зголемено индустриското прозводство во јануари


Индустриското производство во јануари годинава, во однос на јануари лани, е поголемо за 2. 8 %, соопшти Државниот завод за статистика.


Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2024 година,во однос на јануари 2023 година, бележи опаѓање од 14.


2 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи порастод 8. 1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 21. 7 %.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следнитеоддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производствона хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати,Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали, Производство нафабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема и Производство намоторни возила, приколки и полуприколки.


Според главните индустриски групи, производството во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година,бележи пораст кај Енергија за 19. 7 % и Капитални производи за 41.

2 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарнипроизводи, освен енергија за 13. 0 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 26. 7 % и Нетрајни производи заширока потрошувачка за 6. 8 %.


са/дма/Фото: МИА архива .

Извор: МИА