Breaking News

Времето од понеделник малку потопло


Од понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, што ќе допринесе утринските и дневните температури да бидат во пораст, соопшти УХМР.


Утре ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури.


Во понеделник и вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег на планините и повисоките места, особено во западните делови, каде што ќе се формира нова снежна покривка.

Во пониските места, врнежите ќе бидат од дожд и снег. бд/ев/Фото: МИА .


Извор: МИА