Времената мерка на ЕУ за заштита на децата од онлајн сексуална злоупотреба продолжена за уште три години 


Постојаните претставници на земјите членки на ЕУ се согласија за продолжување на привремената мерка за заштита на децата од сексуална злоупотреба преку Интернет за уште три години.


 Со оваа мерка, воведена во 2021 година, на провајдерите на онлајн услуги им се овозможува да отстапуваат од правилата за заштита на приватноста на податоците при електронски комуникации.


 Дополнително, на провајдерите за размена на пораки и комуникација им е дозволено користење на специфични технологии за обработка на лични и други податоци со цел откривање на онлајн сексуална злоупотреба на деца на нивните платформи, како и нејзино пријавување и отстранување на таквите содржини.

 Мерката е од времен карактер и со важност до 3 август 2024 година, со цел да го премости јазот до усвојување на законската регулатива за постојана правна рамка за спречување на онлајн сексуалната злоупотреба на деца.


 Бидејќи, новата регулатива се уште не е усогласена, постојаните претставници се договорија за продолжување на важност за времената мерка до 3 август 2027 година.

 Дополнително се оваа одлука се овластува Советот на ЕУ да започне преговори со Европскиот парламент за конечниот правен текст за оваа проблематика. сп/Фото: МИА Архива .


Извор: МИА