Возач се забил во капијата од седиштето на ФБИ во Атланта, па се обидел насилно да влезе во зградата


Возач, со засега неутврден идентитет, удрил во капијата на седиштето на Федералното истражно биро во Атланта, во американската сојузна држава Џорџија, соопшти ФБИ.


ФБИ за Фокс њуз соопшти дека возилото удрило во капијата каде што влегуваат вработените околу пладне по локално време, и дека возачот потоа се обидел насилно да влезе во зградата.


Полицијата на округот Декалб го уапсила возачот и тој моментално е во притвор.  Засега нема информации за повредени.

Безбедносните сили се обидуваат да го утврдат идентитетот на возачот, како и можниот мотив. сд/фото:ЕПА  .


Извор: МИА