Breaking News

Водостојот на Вардар поголем од декемврискиот просек


Водостоите на дел од реките во земјава се повисоки од просекот за декември. Кај останатите тие или се во рамки на декемврискиот просек или под него.


Кај езерата зголемување на водостојот се бележи кај Дојранското, кај Преспанското е понизок, а кај Охридското езеро водостојот е во рамки на просекот, покажуваат порадоците од мерењата што ги врши УХМР.


Водостојот на реката Вардар е повисок од просекот за овој месец на речиси сите мерни места. Повисок востостој се бележи кај реките Треска, Пчиња, Струмица и Радика.

Понизок водостој од просекот за овој месец се бележи кај реките Црн Дрим, Сатеска и Црна река.


Според податоците од УХМР, температурата на Охридското езеро измерена утрово е 9 степени целзиусови, на Дојранското 7,8 и на Преспанското 6 степени.

Температурите на сите три езера се под просекот за овој период од годината. сст/нд/ .


Извор: МИА