Breaking News

Водостоите на поголем дел од реките во земјава пониски од јануарскиот просек


Водостоите на поголем дел од реките во земјава се пониски од просекот за јануари. Повисоки водостои од јануарскиот просек денеска се измерени само кај реките Црн Дрим, Пчиња и Радика.


Кај езерата зголемување на водостојот се бележи кај Дојранското, кај Преспанското е понизок, а кај Охридското Езеро водостојот е во рамки на просекот, покажуваат податоците од мерењата што ги врши УХМР.


Кај водостоите на езерата во земјава нема поголеми отстапувања од просекот за јануари.

Според податоците од УХМР, температурата на Охридското Езеро измерена утрово е 8 степени Целзиусови, на Дојранското 6,8 и на Преспанското 4,5 степени.


Температурата на Преспанското Езеро е во рамки на просекот за овој период од годината, а на Охридското и Дојранското Езеро е повисока од јануарскиот просек. сст/мд/фото: МИА архива    .

Извор: МИА