Breaking News

Вода, кал, мртви животни и уништени домови и бизниси во поплавените делови во Грција


– Веќе десетти ден повеќе села во близина на грчките градови Лариса, Кардица и Волос се под вода и кал, а во тек е и проценувањето на штетата на домовите и бизнисите во поплавените подрачја од невремето „Даниел“ кое беше катастрофално за централниот дел на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.


Според Противпожарната служба на Грција од почетокот на невремето минатиот вторник, заклучно со денеска наутро, биле спроведени 4.


594 спасувања- пренесувања на лица на безбедни локации, од кои мнозинството се во областа Тесалија.

Паралелно во петокот и вчера беа пронајдени безживотни тела на маж и жена и голема е веројатноста дека се исчезнатите туристи од Австрија.


Според грчките медиуми, телото на жената пронајдено во петокот денеска било идентификувано и станува збор за Австријката.

Доколку телото пронајдено вчера му припаѓа на нејзиниот сопруг, тогаш бројот на загинати во невремето „Даниел“ ќе се зголеми на 17 лица, со оглед на тоа дека официјално, потврдени се 15 жртви, а двајца, односно парот од Австрија се водеа за исчезнати.


Дополнително, во поплавените подрачја постои опасност по јавното здравје, а водата во дел од погодените општини не е погодна за употреба.

Според алтернативната министерка за здравство на Грција Ирини Агапидаки, во подрачните единици Лариса, Магнисија, Трикала и Кардица, до вчера и завчера 1.


396 лица побарале здравствена помош, а од нив имаме 48 имале гастроентеритис и 65 респираторни инфекции.

Со оглед на тоа што во погодените подрачја има голем број фарми и сточари, во тек е и акција за собирање и отстранување на мртвите животни, процес во кој ќе се вклучи и војската.

Заклучно со вчера попладне биле собрани 56. 000 угинати животни, од кои, според надлежниот министер за земјоделство Лефтерис Авгенакис, 24. 856 се овци и кози, 23. 900 се птици, 7.

500 свињи и 35 говеда. ср/јт/ .

Извор: МИА