Breaking News

Во Висконсин температурата се намали за повеќе од 30 степени во рок од 24 часа


Во американската држава Висконсин температурата се намали за повеќе од 30 степени Целзиусови во рок од 24 часа, што е рекорден пад на температурата во САД, соопшти Националната метеоролошка служба (НБЦ).


Во градот Медисон во вторникот беше сончево и температурата беше 21,1 Целзиусови степени, додека во средата наутро беше 11,7 степени под нулата, со што беше израмнет 113-годишниот рекорд за ненадејна промена на температурата на воздухот во САД.


Си-Би-Ес наведува дека историските податоци за температурата се нецелосни, па не може да се каже дали сепак ова е рекорд.

Според НБЦ, Висконсин овој месец имал невообичаено топла зима, а просечните температури овој и минатиот месец се движат околу 13 степени под нулата. паг/Фото: МИА архива   .


Извор: МИА