Breaking News

Во Струмица Меѓународен симпозиум по археологија „Накитот од заштита до статус“


Во Струмица синоќа беше отворен седмиот Меѓународен симпозиум по археологија на тема „Накитот од заштита до статус“, во организација на НУ „Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј-Струмица“.


Според археологот Ване Секулов од „Завод и Музеј Струмица“, накитот е еден од најважните елементи кој се појавува во раните човекови фази и трае до денеска.


-Најпрвин накитот бил во функција на заштита на човекот од природните сили кои не ги разбирал и морал да се заштити.

Накитот се носел на места кои се чувствителни како што се вратот, градите, појасот, таму кадешто човекот секогаш бил најчуствителен.


Со тек на времето таа заштитна функција почнала да добива и социјален статус, уметнички вредности и до денес кога гледаме колку накит има некој забележуваме колку е богат.

Во последно време луѓето се помалку носат накит за нивна заштита, туку повеќе е украс и социјален статус, рече Секулов.


Според него, со накитот се препознава или датира одреден период, а е пронајден уште во времето на неолитот.

-Познати се наоѓалишта на Балканот, во Србија и еве наши колеги од Струмица и Скопје ќе говорат за накитот од неолитот.


Го има на Балканот и тоа e мнoгу значајно за целата култура на Европа, па и пошироко, додаде Секулов.

На симпозиумот, кој ќе се одржува до 5 ноември, освен домашни учесници излагања ќе имаат и археолози од Полска, Италија, Србија, Хрватска и Бугарија. рт/мд/Фото:МИА .

Извор: МИА