Breaking News

Во Собранието закажани седници на три комисии


Во Собранието денеска се закажани седници на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија.


 На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, според информациите објавени на веб страницата на Собранието, е Предлог за избор на судија на Уставен суд.


Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се четири предлог-законски решенија – Предлог-законот за помилување во прво читање, Предлог законот за дополнување на Државното правобранителство по скратена постапка, Предлог-измените на Законот за Народен правобранител и Предлог измените за Законот за извршување на санкции, двата во прво читање.

Четирите закони кои се на дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците треба да бидат разгледани и на Законодавно-правната комисија. бак/са/Фото: МИА архива  .


Извор: МИА