Breaking News

Во Собранието седници на неколку комисии


Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за локална самоуправа и за економски прашања, а две седници ќе одржи и Законодавно правната комисија.


На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог на закон за конфискација на имот во граѓанска постапка, по скратена постапка.


Комисијата за локална самоуправа ќе ја проследи Презентацијата на извештаите од оценката на спроведувањето на Законот за локалната самоуправа и Законот за Градот Скопје.

Членовите на Комисијата за економски прашања треба да ги разгледаат предлозите на законите за реализација на стратешките инвестициони проекти „Соларен парк Стипион“, Соларна електрична централа – Пехчево, АИМ ГРЕЕН ТЕЦХи  МИТИЛИНЕОС когенеративна постројка Скопје, сите по скратена постапка.


ев/са/Фото: МИА архива .

Извор: МИА