Breaking News

Во Собранието седница на Комисијата за образование, наука и спорт


Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за образование, наука и спорт.


 Членовите на Комисијата ќе расправаат за Статутарната одлука за изменување на Статутот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид ( I Фаза), Извештајот на ректорот за работата на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид мај 2022 – мај 2023, Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, Извештајот на ректорот за работата на Универзитетот „ Мајка Тереза“ во Скопје за периодот мај 2022 – април 2023 година и Годишниот извештај за работата на ректорот на Универзитет „ Гоце Делчев ” – Штип за периодот 2022-2023 година.


фф/са/Фото: МИА Архива .

Извор: МИА