Breaking News

Во Собранието две седници на Законодавно-правната комисија


Во Собранието денеска две последователни седници ќе одржи Законодавно-правната комисија.


Членовите на Законодавно-правната комисија ќе расправаат по Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан, Предлог на законот за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија, Предлог на законот за изменување на Законот за спорт, Предлог на законот за изменување на Законот за хартии од вредност, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, сите по скратена постапка.


На дневен ред на 227.

седница се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во второ читање, Барањето за давање на автентично толкување на член 368 од Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Македонија” број 18/2001, 4/2002, 5/2003, 84/2008, 81/2009, 161/2009, 123/13 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 215/21 и 154/23), поднесено од пратеникот Панчо Минов и Утврдувањето на Пречистен текст на Законот за социјалната заштита.


фф/мд/Фото: МИА Ахрива .

Извор: МИА