Breaking News

Во Скопје казни за 161 возач, 45 за брзо возење


Вкупно 161 мерка е изречена вчера на територија на Град Скопје во рамки на контролите во областа на сообраќајот што ги спроведува Секторот за внатрешни работи Скопје.


 Како што соопшти МВР, за возење повеќе од дозволената брзина има 45 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли.


Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за возач почетник. . . – Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.


мд/дма/Фото: МИА архива      .

Извор: МИА