Breaking News

Во Швајцарија пронајдени пет безживотни тела на исчезнати скијачи


Полицијата на швајцарскиот кантон Вале денеска соопшти дека пронашла пет безживотни тела на луѓе кои исчезнале за време на скијачка тура во близина на алпскиот град Зермат.


Потрагата по шестиот скијач се уште трае, јави швајцарскиот јавен сервис РТС.


Скијачите исчезнаа во саботата во близина на планината Тет Бланш, на патеката Зермат-Арола, во близина на планината Матерхорн, која се протега блиску до граничната област меѓу Швајцарија и Италија.

За лоцирање на скијачите беа мобилизирани значителни ресурси, но екстремните временски услови во изминатите 24 часа ги отежнаа спасувачките операции.


Невремето на југот на Алпите го оневозможи полетувањето на хеликоптерот, а во ноќта меѓу саботата и неделата спасувачкиот тим беше принуден да ја напушти операцијата поради многу лошите временски услови и големата опасност од лавини.

паг/Фото: МИА архива .


Извор: МИА