Во Штип се уредуваат влезови на станбени згради во центарот


Општина Штип почна да ги уредува влезовите на станбените згради во централното градско подрачје.


Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека во наредниот период ќе се работи на уредувањето кај црвени и зелени кули во Штип, а ќе се работи и на тротоарските површини.


Тој посочи дека граѓаните од овие станбени згради во центраот на Штип веќе половина век чекаат да им се реализира барањето.

-Се поставуваат павер елементи, но ќе се уреди и делот кој ги поврзува улиците „Христијан Карпош“ и „Славчо Стојменски“.


Повеќе од 40 – 50 години овој дел не бил истретиран, а е барање и потреба на жителите не само на околните згради туку и на минувачите, затоа што е централно градско подрачје.

Деновите кои следуваат ќе се работи и на тротоарските површини, но и на влезовите пред станбените згради и со тоа очекувам да се заврши овој потег, рече Јорданов.


Тој додаде дека со овие градежни активности ќе се зголемат и паркинг местата во центарот на градот, со што ќе се ублажи еден од најголемите проблеми, а тоа е  паркирањето во централното подрачје.

 -Максимално ќе се потрудиме да го искористиме просторот кој ни стои на располагање, да создадеме дополнително паркинг место кое ќе биде уредено со павер елементи.


Вкупната инвестиција е нешто повеќе од еден милион денари, пари од Буџетот на Општина Штип, рече Јорданов.

Во тек се и градежни активности на неколку локации во Штип, за изградба на нови тротоари и замена на водоводна и канализациска мрежа. вдј/мд/Фото: МИА .

Извор: МИА