Breaking News

Во Појасот Газа влегоа 12 камиони со хуманитарна помош


Во Појасот Газа денеска влегоа 12 камиони со хуманитарна помош, јавија локалните медиуми. Во камионите има храна, вода и лекови, пишува Тајмс оф Израел.


Со тоа бројот на камиони со хуманитарна помош што влегоа во Газа изнесува 74. Меѓународните хуманитарни организации предупредуваат дека состојбата во Газа е лоша и бараат помошта да се достави побрзо.


Светската здравствена организација претходно денеска повика на итен и непречен пристап на хуманитарна помош до Газа, за да може да профункционира здравствениот систем. паг/Фото: МИА архива .

Извор: МИА