Breaking News

Во Пехчево одржана работилница на тема „Биди активна за родово еднакво општество“


Во Пехчево денеска се одржа форум за девојки и млади жени насловен „Биди активна за родово еднакво општество“.


Носител на активноста е Организацијата на жени од Пехчево, а се реализираше во соработка со деветолетката „Ванчо Китанов“ и Матичната библиотека „Кочо Рацин“.


-Целта на денешната работилница беше запознавање на учесничките со женските човекови права, родовата еднаквост и како да станат активни општествени чинители кои прават позитивни промени.

На настанот учествуваа ученички од прва до четврта година гимназија, како и претставници на Општинската установа Матична библиотека „Кочо Рацин“, информираа од Организацијата на жени од Пехчево.


Форумот е во реализација на Организацијата на жени на Свети Николе, од каде потенцираа дека генералниот заклучок е дека жените од помалите места имаат потреба од едукација на различни теми.

-Се надеваме дека ваквите работилници ќе бидат добра мотивација за да предизвикаат промена кај нив, а нашата организација е тука за на овие жени да им пружиме целосна поддршка кога е потребна, истакнаа организаторите на денешната работилница.


Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ кој финансиски е поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска. вс/сст/ Фото: МИА .

Извор: МИА