Breaking News

Во октомври 67 илјади странски туристи ја посетиле земјава


Во земјава во октомври годинава се евидентирани 94 165 туристи, од кои 27 илјади (28. 9 %) биле домашни, а 67 илјади (71. 1 %) странски туристи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.


Бројот на ноќевањата во октомври изнесувал 187 272, од кои 36. 7 % се од домашните, а 63. 3 % од странските туристи.


Во периодот јануари – октомври 2023 година, во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 21. 2 %. Кај домашните туристи има зголемување за 0. 1 %, а кај странските за 38. 6 %.

Има раст и кај бројот на ноќевањата за 9. 8 %. Кај домашните туристи има зголемување за 1. 1 %, а кај странските за 23. 5 %. са/Фото: МИА архива .


Извор: МИА