Breaking News

Во наредниот период променливо облачно со дожд и засилен ветер


Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, а на повеќе места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.


Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме, проследени со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град.


Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.


Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Како што најавуваат од УХМР, во четврток ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, а на места ќе има повремени врнежи од дожд со грмежи и засилен ветер.


Во петок и сабота ќе преовладува сончево и потопло време со умерена облачност, а од недела повторно се очекува дестабилизирање на времето. сст/бак/ .

Извор: МИА