Breaking News

Во Молдавија отворена јавна расправа за членство во Европската унија


Во Молдавија почна јавна расправа за членството во Европската унија, на која високи функционери и академици ги повикаа своите сонародници да ја искористат секоја можност да се приклучат кон Унијата, во спротивно, наведуваат , ризикуваат земјата да западне во хаос.


 Британските медиуми пренесуваат дека јавната расправа ја отворил шефот на дипломатијата, Нико Попеску, кој наведе дека учеството на јавноста ќе има влијание врз изградбата на „попросперитетна иднина во рамките на европската заедница“.


 Директорот на Институтот за стратешки иницијативи и поранешен вицепремиер, Влад Кулминиши, изјави дека Молдавија ќе се претвори во „хаотична земја“ доколку не влезе во Европската унија.

 -Стремежот за европска интеграција не е работа на една личност. Тој ги надминува личните амбиции, рече Кулминиши.


Молдавија, една од најсиромашните европски земји, минатата година доби кандидатски статус за членство во ЕУ. сд/фото:ЕПА .

Извор: МИА