Во Македонска Каменица претставен проектот „Оддржлив економски развој на Македонска Каменица”


\Во Македонска Каменица денеска се одржа јавен консултативен процес со граѓани, на кој беше претставен проектот „Оддржлив економски развој на Македонска Каменица“, имплементиран од PrimePoint Partners (Macedonia&Montenegro).


На настанот беа преставени потенцијалите на општината за развој на бизниси од областа на земјоделството и туризмот, кои би можеле да бидат поддржани во следните фази на проектот.


– Програмата има за цел да поттикне креирање на бизниси во нови сектори преку нивна поддршка во форма на едукација и бизнис советување, пристап до финансии и пласман на производите и услугите. На настанот присуствуваа над 50 претставници на локалното население, владини и невладини институции, локални претпријатија, земјоделци, занаетчии, претставници на образовните и научните институции кои, ги споделија своите идеи за проекти за долгорочен развој на општината, информираа организаторите.

Експертите за туризам Maja Блажев и земјоделство Лазо Димитров, заедно со присутните денеска ги идентификуваа потенцијалите на општината за развој на бизниси од областа на туризмот и земјоделството кои би можеле да бидат поддржани во следните фази на проектот со бизнис советување и пристап до финансии.
Македонска Каменица проект 1


– Сите заинтересирани кои во иднина сакаат да дадат свој придонес во некоја од тематските области, се добредојдени да се приклучат во овој консултативен процес, додадоа од инплементирачката организација.

Партнери во проектот се Општина Македонска Каменица и Фондација САСА. вс/цр


Фото:МИА