Breaking News

Во Куманово отворање на меѓународните саеми  „Органска Трпеза“ 2023 и „АгроМак“ 2023


Во Спортско рекреативниот комплекс во Куманово денеска ќе бидат отворени шестиот меѓународен саем на органски и традиционални производи  „Органска Трпеза“ и вториот меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „АгроМак“.


На саемот активно учество ќе земат околу 10.


000 луѓе од кои 250 до 300 излагачи од Северна Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Република Српска, Босна и Херцеговина, Словачка, Унгарија, Црна Гора, Косово, Турција и други.

Саемите имаат уникатна програма која вклучува повеќе содржински компоненти и тоа изложбен, дел на кој преку свои штандови учество ќе земат производители, откупувачи и преработувачи на храна, пијалоци и земјоделски производи, производители на, и трговци со амбалажа, алати, опрема, машини имеханизација, како и производители и трговци на семе и саден материјал, хортикултура и инпути во земјоделско производство.


Од Здружението за развој на земјоделство и заштита на животна средина прекуистражување, едукација и одржување на биодиверзитет „ЖИВОТ“ и Комората наОргански Производители – КОП од Куманово, кои се поддржани од Министерство заземјоделство, шумарство и водостопанство на Р.

С.


Македонија и Општина Куманово, за организацијата на саемите, најавија дека вториот е промотивен дел за претставување на општини, стопански комори, кластери, асоцијации, федерации, задруги, здруженија, владини и невладини организации и агенции, но и Здруженијата на заедниците на националностите во РСМ и здруженијата иорганизациите кои ги негуваат традицијата, занаетите и фолклорот ќе приредаттрадиционални трпези на кои ќе презентираат традиционална храна, фолклор икултура.

Трета компонента е едукација, четвртата средби и презентации на компании, додека петата компонента е ревијална изложба на украсни, пердувести животни и домашнимиленици.


За време на саемот предвиден е и стручен натпревар на ученици од средни земјоделски училишта од државава, како и од Србија и Црна Гора.

 Саемот ќе биде збогатен и со културно-уметничка, сценска програма, музичкисегменти и ревија и уметничко-детско катче за најмалите посетители, а ќе сеорганизираат и кулинарски настани.

Во склоп на саемите „Органска Трпеза“ и „АгроМак“, оваа година ќе сеорганизираат и манифестациите „Денови на Традицијата“, „Кумановска Празијада“ и„Суџуклијада“. цр/Фото:МИА архива .

Извор: МИА