Breaking News

Во Крушево меѓународен настан за вмрежување на млади од Северна Македонија и Грција


„Младинскиот Сојуз – Крушево“ и „ЈИЕ во акција“ од Грција викендов во Крушево организираат меѓународен настан за вмрежување „Пронаоѓање и поддршка за младинска соработка 2023“ во рамки на иницијативата за формирање канцеларии за младинска соработка меѓу Грција и Северна Македонија.


Најавени се обраќања на организаторите, како и на Филип Тосевски, државен секретар во Министерството за надворешни работи, Марко Ѓоргиевски, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Аднан Емини, координатор на Заедничкиот секретаријат ИНТЕРРЕГ ИПА за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Грција.


Оваа иницијатива е поддржана од страна на амбасадите на Германија и на Соединетите Американски Држави.

Настанот што се одржува од 14 до 16 јули, се одвива во рамки на третата фаза од Иницијативата за младинска соработка која е фокусирана на зајакнување на процесот и развивањето на конкретна операционализација за формирање канцеларии за младинска соработка меѓу двете земји, како и дополнително подигање на свеста кај младите луѓе од двете соседни држави за продлабочување на меѓусебната соработка.


вг/лв/Фото: Младинскиот Сојуз – Крушево – лого .

Извор: МИА