Breaking News

Во Кремљ средба Путин – Кадиров


– Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска се сретна со чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.


Тој додаде дека Путин високо го оцени личниот придонес на Кадиров и неговиот тим за динамичниот развој на регионот.


Путин, исто така, ги поздрави борците од кавкаската република кои се борат во рамките на „специјалната воена операција“ во Украина предводена од Москва.

– Пренесете им најдобри желби на момчињата, најдобри желби за нивните семејства.


Знам дека вие лично се занимавате со овие прашања цело време, вклучително и поддршка на семејствата на нашите момчиња кои се борат на првите линии, борејќи се самоуверено, добро, храбро, херојски, посочи Путин.

ми/фото: ЕПА .


Извор: МИА