Breaking News

Во Комисијата за прашања на избори и именувања треба да продолжи расправата за избор на уставен судија


Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да ја продолжи расправата за избор на судија во Уставниот суд.


Расправата почна вчера, а предложени се четворица кандидати – професорите Јадранка Дабовиќ Анастасовска, Родна Живковска и Саво Климовски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ и долгогодишниот судија и обвинител Тодор Витларов.


Професорката Дабовиќ Анастасовска е на предлог од владејачкото мнозинство, додека, останатите тројца се предложени од ВМРО-ДПМНЕ. Од сите четири кандидати, треба да биде избран само еден.

Предлогот за нов уставен судија е поради испразнетото место на судијата Јован Јосифовски, чиј мандат истече во јануари 2022 година. фф/бак/Фото: МИА Архива  .


Извор: МИА