Breaking News

Во Кина верижен судир на повеќе од сто автомобили


– Неколку лица се повредени во верижен судир во кинескиот град Сужоу, во провинцијата Џиангсу. Во сообраќајната несреќа учествувале повеќе од 100 автомобили.


Како што соопшти сообраќајната полиција три лица се хоспитализирани, а шестмина се здобиле со полесни повреди. Верижниот судир е предизвикан од голомразица.


Во текот на изминатите неколку недели, големи делови од Кина беа погодени од студени бранови, виулици и замрзнат дожд, што влијаеше на транспортот додека милиони луѓе патуваат дома за да ја прослават лунарната Нова година.

 ми/фото: Икс  .


Извор: МИА