Breaking News

Во Кавадарци презентација на веб – страница на агрометеоролошки станици


Во Кавадарци денеска се одржува презентација на веб – страница на агрометеоролошки станици. Претходно, Општина Кавадарци постави 18 агрометеоролошки мерни станици на локации во кавадаречка општина.


Градоначалникот Митко Јанчев нагласи дека овие активности, имаат за цел подобро земјоделско производство.


На презентацијата што се уште е во тек, беше кажано дека со поставувње на мерните станици, ќе се овозможи електронски мониторниг, на атмосферските влијанија врз земјоделско обработливите површини на територија на општината, на лозаро – овоштарските насади. Измерените податоци од агрометеоролошките станици во реално време преку GPRS ќе се пренесуваат до серверот, каде што е поставен и софтвер на модел, за прогноза на болести на секоја култура. Обработените податоци ќе бидат прикажани на веб страна/мобилна апликација и фејсбук страница, каде што секој корисник ќе добива навремена информација за почетокот, траењето и интензитет на секоја болест или штетник, на секој култура одделно.

Приказот на инфекцијата, времетраењето и итензитетот ќе биде графички и табеларно, со што секој корисник на лесен и едноставен начин, ќе ги има сите информации за појавата и итензитетот на инфекција, како и на должината на инкубациониот период на болеста.


Агрометеорлошките мерни станици вршат мониторинг на болестите пламеница, пепелница, сиво гниење, жолт гроздов молец, сушење на цветовите, сачменка кај коскесто овошје, кадравост на лисијата кај коскесто овошје. свд/ев/

Фото: МИА


Кавадарци, 1 март 2023 (МИА)