Breaking News

Во Кан Јунис пронајдена масовна гробница со 50 тела на Палестинци


Службите за итна помош во Газа извлекоа тела на 50 Палестинци од масовна гробница во медицинскиот комплекс Насер во Кан Јунис, две недели откако израелските сили се повлекоа од тоа подрачје, пренесува Ал Џезира.


Како што е наведено, во последниот бран израелски напади врз градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, загинаа 16 Палестинци, меѓу кои една бремена жена и шест деца.


Израелските сили убиле 14 лица за време на рацијата на бегалскиот камп Нур Шамс на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство, додека израелските доселеници убиле возач на Итна помош кој се обидувал да стигне до Палестинците повредени во насилството јужно од градот Наблус, наведува Ал Џезира.

рп/Фото: ЕПА .


Извор: МИА