Breaking News

Во Ирска референдум за измена на членот од Уставот – „местото на жената е во домот“


– По повеќегодишниот притисок Владата на Ирска утре организира два референдума за спортните женски должности и за проширување на уставната дефиниција на семејството на долготрајно партнерство/врска.


Членот 41. 2 од ирскиот Устав, кој датира од 1937 година, гласи: „Државата признава дека домаќинката и дава поддршка на државата без која не може да се постигне општото добро.


Според тоа, државата ќе настојува да обезбеди мајките, за да не работат поради економска потреба, при што би ги занемариле домашните обврски“.

Владата наведува дека ваквата формулација во Уставот е сексистичка и застарена и треба да се отстрани и го предлага следниов текст: „Државата признава дека грижата за членовите на семејството обезбедува поддршка за општеството, без која не може да се постигне општото добро и ќе настојува да ја поддржи таквата активност“.


Националниот совет на жени, кој води кампања за промена на Уставот, истакна дека „сексистичкиот, стереотипен јазик нема место во Устав од времето кога жените биле третирани како граѓани од втор ред“.

Противниците на измените оценуваат дека Уставот не тврди дека местото на жена е во домот, туку и ги признава домашните работи. Според Уставот работата што жените ја вршат дома е фантастична.


Ниту една жена не треба да биде принудена да работи надвор од домот ако повеќе сака да остане дома со децата.

Минатата недела беше спроведена анкета во која 70 проценти од жените, кои моментално работат надвор од домот изјавија дека доколку би имале можност би останале дома, изјави адвокатката Бренда Пауер, членка на групата „Лојерс фор ноу“ (Lawyers For No).


 ми/фото: МИА архива .

Извор: МИА