Breaking News

Во Германија уапсени тројца тинејџери за наводно планирање терористички напад


– Германските власти уапсија тројца тинејџери на возраст од 15 и 16 години под сомнение дека планирале смртоносен исламистички терористички напад во западната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија, соопштија во петокот обвинителите.


Како што пренесе ДПА, државната Централна канцеларија за гонење тероризам издала налог за апсење на тинејџерите за време на празникот Велигден. Други детали засега не се соопштени.


јт/Фото: МИА архива .

Извор: МИА