Breaking News

Во Газа расте гладта додека ОН се подготвуваат да гласаат за резолуција за прекин на огнот


Гладта ​​меѓу Палестинците во опколениот Појас Газа се влошува, соопштија хуманитарните агенции, додека Генералното собрание на ОН се подготвува да гласа денеска за итен хуманитарен прекин на огнот во двомесечниот конфликт меѓу Израел и Хамас.


Стотици цивили се убиени во израелскиот напад врз Газа откако САД ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност во петокот со која се повикува на прекин на огнот.


Повеќето од 2,3 милиони жители на Газа се протерани од своите домови, а жителите велат дека е невозможно да се најде засолниште или храна во густо населената крајбрежна енклава.

Светската програма за храна на ОН соопшти дека половина од населението гладува. -Гладот ​​им се заканува на сите, објави УНРВА, тело на ОН одговорно за палестинските бегалци, на „Х“.


Жителите на Газа велат дека луѓето принудени да бегаат умираат од глад и студ, како и од бомбардирање, опишувајќи го грабежот на камионите со помош и вртоглавото зголемување на цените, јавија западни медиуми.

Генералното собрание од 193 члена најверојатно ќе усвои резолуција денеска. Резолуциите на Генералното собрание не се обврзувачки, но имаат политичка тежина и ги одразуваат глобалните погледи.


Некои дипломати и набљудувачи предвидуваат дека гласањето ќе добие поголема поддршка од повикот на собранието во октомври за „итно, трајно и одржливо хуманитарно примирје“. мс/фото: МИА архива .

Извор: МИА