Breaking News

Во Битола најново издание на музичко-сценската манифестација „Незаборав“


Битолско културно лето вечер продолжува со музичко-сценската манифестација „Незаборав“ која по 13. пат ќе се одржи во овој град.


Годинешниот „Незаборав“ е посветен на Фестивалот на забавни мелодии со фолк мотиви „Интерфест“ кој во Битола се одржуваше од 1992 до 1996 година.


-На концертот во живо ќе настапат исклучиво битолски музичари и пеачи со песни од битолски автори.

Манифестацијата во целост е финансирана од Општина Битола и се одржува во рамки на БитФест, најави Панде Димитровски, автор на проектот „Незаборав“.


Во досегашните изданија „Незаборав“ беше посветен на Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бафтировски, Љупчо Спасеновски (Буба Мара) Добри Ставревски, Гоце Николовски, Миле Шерденков, групата Битолски Конзули, Битолчани на Валандово, Драган Каранфиловски – Бојс.

мт/мд/Фото: МИА .


Извор: МИА