Breaking News

Во Берово почна изградбата на отворен канал за атмосферска вода покрај улица „Вељко Влаховиќ“


Со средства од Буџетот на Северна Македонија, доделени како капитални дотации наменети за финансирање на општински проекти, во Берово почна реализацијата на проектот „Изградба на отворен канал за атмосферска вода, покрај ул.


„Вељко Влаховиќ“ . За таа цел, како што информираа од Општината, се гради атмосферски канал, во должина од 415 метри. .


-Атмосферскиот канал е со широчина од околу 2 метри и има за цел да ги заштити имотите на граѓаните од поројните дождови, кои се интензивни заради климатските промени, а воедно ќе добијат и соодветен пристап до своите домови.

Ќе биде соодветно одведена атмосферската вода и ќе се решат долгогодишните проблеми на жителите, истакнаа од Општината. Реализацијата на овој проект чини 5,36 милиони денари.


-Од овие средства 4,65 милиони денари се обезбедени од Буџетот на Министерството за животна средина, преку Програмата за третман на отпадни води, а останатите ќе бидат исплатени од Буџетот на Општина Берово за 2024 година, додадоа од Општината.

Со изградбата на овој канал градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски очекува значително да се  подобри квалитетот на живот на жителите кои живеат во овој дел од градот. вс/мд/Фото: МИА  .


Извор: МИА